Поврзете се со нас

Репрезентација

Повредата на Јагуриновски не е наивна, Лазаров повика нов ракометар

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонија загуби од Норвешка во меч во кој повреда заработи новиот член на Вардар, Томислав Јагуриноски.

Иако првите проценки по натпреварот беа дека не станува збор за нешто посериозно последните вести кои доаѓаат од нашиот тим се дека истата не е наивна, поточно селекторот Кирил Лазаров е принуден да повика нов ракометар.

Се работи за Давид Савревски кој испадна во последниот филтер пред почетокот на Мундијалот, но со оглед на повредата на Јагуриновски ќе добие можност да покажа што може и умее.

Само да посетиме нашата селекција утре игра со Холандија, а на 17 јанаури се соочува со Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни