Поврзете се со нас

Свет

Поранешен украински репрезентативец жестоко распали по Шевченко и Ѓоковиќ за сцените на „Сан Сиро“

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Една седмица по крајот на првата пресметка меѓу Милан и Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите, Роман Зузулја се погрижи за реактивирање на сцените кои сите ги видовме во ВИП ложата, каде специјални гости беа познати имиња како Андриј Шевченко и Новак Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број еден не му донесе среќа на својот сакан Милан и Интер славеше на тој меч со 2:0, но Србинот сега наиде на жесток напад од поранешниот украински репрезентативец, кој не го поштеди и својот далеку попознат сонародник, Андриј Шевченко.

Огорчен од воената агресија на Русија во Украина, Зузулја жестоко ги осуди потези на Шева во Милано, посочувајќи дека седел веднаш до човек кој има проруски ставови.

– Покрај фотографирањето, амбасадорот на Украина има одговорност и за репутација. Не само своја репутација, туку репутација на својата земја. Ако сте повикан на натпревар, а до вас седи спортист со искрени проруски ставови, тогаш едноставно не смеете да седите таму. Вистински Украинец нема да седи на еден хектар од тоа срање (посочувајќи на Ѓоковиќ). Зошто тоа го прави нашата гродост? Дали Шева знаеше дека ќе седи до Ѓоковиќ? Знае ли тој дека Новак и неговиот татко благо речено се русофили?

– Знае ли Шева дека Новак е заговорник за враќање на спортистите од Русија и Белорусија на меѓународните натпреварувања? Секако дека знае, исто како што знаеше дека Џани Инфатино е корумпиран додека се сликаше со него. Поради некои причини, испаѓа дека личните интереси на Шевченко не се поврзани со војната. Бараме од светот да застане на наша страна, а нашиот амбасадор се слика со луѓе со проруски ставови, – гласеше објавата на Зузулја на Инстаграм, која после еден ден ја избриша поради жестоките и погрдни коментари на истата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни