Поврзете се со нас

Репрезентација

По крајот на Лигата на нации, фудбалерите ќе имаат уште три пријателски меча за докажување

Објавено

на

Крајот на квалификацискиот циклус во Лигата на нации нема да значи и крај на натпреварувачката 2022-ра година за македонската фудаблска репрезентација, за што добивме најава на денешната прес-конференција која ја одржа селекторот Благоја Милевски.

Претстојните натпрвари со Грузија и Бугарија ќе дадат одговор на која позиција ќе заврши Македонија во Лигата на нации и дали ќе продолжи понатаму, но од Федерацијата имаат план на натпревари за месец октомври и ноември.

Засега е потврден пријателски натпервар против Саудиска Арабија на 22-ри октомври, а на истиот ќе настапа фудбалери од Првата македонската фудаблска лига на Македонија, но и играчи кои се во поширокито список на селекторот Милевски.

Бидејќи не станува збор за стандарден „ФИФА прозорец“, достапни ќе бидат само домашните фудбалери и оние кои ќе добијат дозвола од клубовите, додека за ноември се испланирани уште две пријателски.

За истите се уште нема официјална потврда, но македонската Федерација преговара со селекциите на Финска и Азербејџан за одмерување на силите на 17-ти и 20-ти ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни