Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Тој е на добар пат да стане голем шампион

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан влезе во победнички ритам во италијанскиот шампионат каде врза четири триуми од кои последниот беше над Фиорентина со 2-1.

Играч на натпреварот беше португалскиот репрезентативец, Рафаел Леао кој одново беше расположен за игра, па прво забележа асистенција при погодокот на Лофтус-Чик, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци.

Тој во актуелнава сезона има учинок од 5 голови и 8 асистенции во Серија А што е далеку послаб ефект од претходните две години кога се во прашање погодоците, но според тренерот Стефано Пиоли офанзивецот расте во својата игра и е на добар пат да стане голем шампион.

-Го придружувавме во кариерата и тој дозволи да биде придружуван, беше подготвен да учи. Тој сега е на прагот да стане голем шампион за кој секогаш мислевме дека може да стане. Гледам е подобар не само во неговата вештина, туку и во односот на тренинзите и за време на натпреварите.

-Се разбира, Милан се потпира на него, исто како што Пари Сен Жермен се потпира на Килијан Мбапе и секој друг тим гледа на квалитетот на своите индивидуални таленти. Тој може да игра на многу различни начини, има сила и квалитет, има се што му треба, -порача искусниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни