Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Ова е разочарувачки, да се загуби ваква партија…

Објавено

на

Милан го претрпе првиот пораз во сезоната 2022/2023 во Серија А и тоа од Наполи на нашиот Елиф Елмас кој славеше со 2-1 на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ имаа повеќе од играта, упатија преку 20 удари, ама на крајот тоа не беше доволно за поволен резултат. Тренерот Стефано Пиоли е разочаран и порача дека неговиот тим едноставно не смее да губи на вакви средби, односно мора ефикасноста да биде на повисоко ниво.

-Воопшто не сум задоволен, а не треба да бидат ниту моите играчи. Дадовме само еден гол што не е доволно за сето она што го создадовме. Ова е разочарувачки, бидејќи може да се случат ноќи кога противниците играат подобро, но во овој случај навистина не требаше да загубиме. Се надевам дека ќе научиме од ова да бидеме поклинички пред голот, бидејќи направивме се како што треба, освен грешките и недостатокот на одлучност во двата казнени простори.

-Можеби ќе дојдев овде и ќе кажев дека сум многу среќен затоа што игравме подобро од Наполи и создадовме многу шанси, но гледајќи дека бевме единствената екипа без пораз во првите пет европски лиги 22 кола, подолго од Баерн Минхен, Манчестер Сити и Реал Мадрид, навистина е штета е да се изгуби со таков настап, -истакна Пиоли.

Сега следува репрезентативна пауза, а по истата Милан ќе му гостува на Емполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни