Билијард и Снукер
Петар Панов го освои третиот турнир од „Алфа Плам националното првенство во снукер“ за 2023 година

Кавадарчанецот Петар Панов на најдобар начин ја искористи укажаната шанса и со триумф на третиот турнир од предвидените пет за „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ го презема и првото место во генералниот пласман.
Во отсуство на актуелниот двократен шампион Берат Јашари, Петар Панов во финалето се сретна со Јане Хакинен, натпреварувач од Финска кој има престој во нашата земја, а претходно играл под знамето на неговата татковина на неколку европски првенства.
Финалето беше одлучено во петтиот одлучувачки фрејм, со неефикасна игра од поентерска гледна точка. Панов покажа смиреност во финишот на мечот и успеа да го земе последниот фрејм против Јане Хакинен, по што го подигна и трофејот за победникот на турнирот.
Претходно, беа исто така видени повеќе изедначени дуели кои донесоа возбудливи моменти. По пауза од речиси една година, на турнир од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ играа и тројца јуниори, кои имаа забележителен настап во конкуренција со најискусните и најдобри македонски снукер играчи. Посебно треба да се издвои третиот меч на 14-годишниот Теодор Величковски против репрезентативецот Петар Колоски, каде што една топка го двоеше од победа од 2 спрема 0 и сензација со освојување на првото место во квалификациската група. Теодор немаше среќа во неколкуте обиди за меч топки и остави простор за многу поискусниот охриѓанец да се врати во игра, да победи во фрејмот и на крај да победи во мечот.
Исто така и младите Андреј Чипишков и Марко Велечковски одлично се носеа со постарите противници.
Финецот Хакинен на својот пат до првото финале во Македонија најпрво имаше победа над младиот Марко Величковски, а потоа и со фаворитите во групата, Матоски и Бошески. Во четвртфиналето одигра против Ризов, како по непишано правило: губејќи го првиот фрејм, но победувајќи на крајот. Во полуфиналето имаше најтешка задача против првиот македонски снукер шампион, Павле Данилов, но со 3:1 обезбеди место во завршницата.
Петар Панов се чини дека имаше несигурен старт во мечевите од групната фаза. Влезе во елиминациите како второпласиран во групата, со пораз од секогаш незгодниот Лукревски. Но, победата над Колоски во четвртфиналето му ја даде потребната самодоверба, па потоа во нов меч со Лукревски излезе како победник со максимални 3:0 и го осигура настапот во финалето. Отсуството на Јашари како да беше во ист момент и предизвик за Панов, но и недостаток на „јадец“ за повисок квалитет во играта. Сепак, победата од 3:2 му донесе прво место и поени со кој избива на чело во генералниот пласман, по што ќе има два дуели со Јашари до крајот на сезоната, во кои ќе биде решено прашање на шампионот.
По летните одмори, Снукер Асоцијацијата ќе продолжи со организација на преостанатите турнири во сениорска конкурнција што се бодуваат за државното првенство, како и со јуниорското првенство на Македонија.
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 24 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 21 час
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 23 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 24 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек