Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Перез бара солуции за Супер лигата: Можеби најдобро е Топ 4 пласманот да гарантира учество

Објавено

на

Флорентино Перез не се откажува од проектот Супер лига и уште еднаш најави дека клубовите кои останаа во групата основачи ќе размислуваат за тоа како да се адаптираат на новата ситуација.

Во интервјуто за „АС“ кое целосно ќе биде објавено утре, претседателот на Реал Мадрид повторно зборувал за актуелната тема  навестил одредени промени во проектот.

– Новиот формат на Лигата на шампионите не го решава проблемот на клубовите, а и не можеме да чекаме до 2024 година. Сепак, очигледно ние направивме нешто лошо, отворени сме за размена на идеи и ставови. Можеби најдобра е солуција да се гарантира учество на четирите најдобро пласирани екипи од најквалитетните првенства.

– Не знам што ќе направиме, но нешто мора да се направи, бидејќи младите на возраст меѓу 14 и 24 години се откажуваат од фудбалот бидејќи преферираат друг начин на забава.

– Супер лигата не е опасност за националните првенства, напротив, таа ќе овозможи поголем обрт на пари меѓу клубовите. Не заборавајте дека во целиот свет има 4 милијарди фудбалски фанови, а половина од нив навиваат за екипите од Супер лигата, – вели Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни