Поврзете се со нас

Италија

Осимен ќе има соодветна замена: Наполи го откупи договорот на „џокерот“ од клупата

Објавено

на

Италијанскиот шампион Наполи се уште го нема решено главното прашање околу тоа кој ќе биде наследникот на Лучијано Спалети, но додека се чека истото да се затвори клубот откупи договор на еден играч кој како позајмен настапуваше во минатава кампања.

Се работи за Џоване Симеоне кој сега официјално е член на Наполи и тоа откако беа платени за него 12 милиони евра кои се дополнување на претходните 3 милиони евра кои беа платени за позајмицата.

Аргентинецот беше коректна замена на Виктор Осимен, постигна 9 гола на 33 мечеви. Договорот е со важност до 2026 година со опција за уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни