Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ згрозен од српската „култура“: Мало дете плука кон нас и покажува среден прст, а неговата мајка се смее

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Црвена Звезда го одбрани домашниот терен и запиша втора победа против Партизан, со што финалната серија во АБА лигата сега е со резултат 2:2 и ќе се игра „мајсторка“ за одредување на шампионот.

Во еден тврд меч во кој до израз дојде гранитната одбрана на „црвено-белите“, Звезда славеше со резултат 68:56 и си обезбеди петти меч во финалето на регионалното натпреварување, пред кое Жељко Обрадовиќ испрати искрена порака до сите навивачи на Партизан.

Искусниот стручњак побара од своите навивачи да не ги повторуваат истите работи како нивните противници, бидејќи вчера останал згрозен од една ситуација од пред самиот старт на четвртиот меч.

– Ова беше еден од најлошите натпревари кои ги одигравме оваа сезона и тоа е она што имам да го кажам на спортски план. Што се однесува до прашањето за навредите, јас имам да поставам неколку прашање. Се прашувам што се случи со сите нас. Некогаш ова дерби беше светост, имаше поделено навивање и се скандираше коректно за својот тим. Сега мало дете оди до нашиот автобус, навредува и плука кон нас, покажува среден прст, а неговата мајка која го држи само се смее. Не ми се верувам до каде дојдовме, ги преколнувам навивачите на Партизан да има фер и коректно навивање на петтиот меч.

– Со вакво однесување ќе направиме овие играчи да се запрашаат дали вреди да останат тука. Овде се чувствува омразата и не знам како дојдовме до овде. Прашањето е следно, како стигнавме до тука?, – изјави Обрадовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни