Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ништо од дербито: Манасков и Веспрем нема да играат против Барселона (Фото)

Објавено

на

Коронавирусот и натаму им создава огромни главоболки на одговорните лица ов ЕХФ, кои сега се приморани да одложат уште едно големо дерби во Лигата на шампионите кое беше закажано за оваа среда.

Дејан Манасков и неговите соиграчи од Веспрем требаше да ја пречекаат Барселона на домашен терен во Унгарија, но овој натпревар сега и официјално е одложен, откако организаторот на истиот соопшти дека тимот од Шпанија нема дозвола за патување.

Поради неколку заразени члена во редовите на Барселона, цели тим е испратен во 10-дневен каранти, па сега ЕХФ ќе мора да бара нов термин за одигрување на дербито.

– Сакаме да ги информираме фановите дека натпреварот меѓу Веспрем и Барселона кој беше закажан за 21 октомври, ќе биде одложен по последните информации кои ги одбивме од ЕХФ.

– Неколку играчи од противничкиот табор се позитивни на Ковид 19, поради што се приморани да минат 10-дневен карантин, – гласи објавата на Веспрем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни