Поврзете се со нас

Германија

Немилосрдниот Халанд го посрамоти Упамекано, па го издвои најдобриот играч во финалето: Ова е човекот! (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд им понуди вистинско шоу на фудбалските фанови во Германија на денот кога се врати на фудбалските терени, бидејќи повредата ја остави зад себе со освоен трофеј во германскиот Куп, за кој придонесе со два гола на Олимпискиот стадион во Берлин.

Норвежанецот постигна два гола во триумфот на Борусија Дортмунд од 4:1 против Ред Бул Лајпциг, а напаѓачот особено се најде во фокусот поради начинот на кој го понижи и посрамоти новото засилување на Баерн Минхен.

Упамекано испадна смешен во двата дуели со Халанд и се здоби со титулата трагичар на финалето, но додека цела јавност во Германија го возвишуваше името на Ерлинг, тој одлучи да посочи еден свој соиграч како играч на мечот.

Халанд го понижи новото засилување на Баерн во финалето, Борусија започна со прослава на титулата (Видео)

Џејдон Санчо реализираше два гола и забележа една асистенција во финалето, по што Халанд пред камерата посочи дека тој е најзаслужен за освоениот трофеј, негов прв во Дортмунд.

– Ти го направи ова, ти го направи ова. Ова е човекот……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни