Поврзете се со нас

Германија

Халанд го понижи новото засилување на Баерн во финалето, Борусија започна со прослава на титулата (Видео)

Објавено

на

Јулијан Нагелсман и дефинитивно нема да се прости со трофеј од Ред Бул Лајпциг, бидејќи пред заминување во Баерн Минхен, доби вистинска лекција од Борусија Дортмунд, тим кого не го победи ниту еднаш сезонава.

Лајпциг го претрпе и третиот пораз од „милионерите“ во краток временски интервал, но овој вечерашниот е убедливо најболен и највисок, бидејќи истиот пристигна во големото финале во германскиот Куп.

Борусија славеше со 1:4 на Олимпискиот стадион во Берлин, триумф кој беше најавен со три постигнати гола во мрежата на противничкиот тим уште во првото полувреме. Во овој дел од играта, посебно до израз дојде Ерлинг Халанд, повратникот во тимот на Борусија кој беше повреден извесно време.

Норвежанецот се врати на нивото на кое застана пред повредата, бидејќи во првите 45 минути му приреди вистински кошмар на Упамекано. Новото засилување на Баерн сигурно ќе го сонува Халанд, бидејќи најпрво беше понижен и падна на земја по нивни дуел во голот за 2:0, а потоа беше и разбиен на средината на теренот, акција во која Борусија го постигна голот за 3:0 преку Санчо.

Англичанецот беше стрелец на погодокот со кој беше отворен резултатот, а пред крајот и асистент на последниот гол на натпреварот за конечни 1:4 кој беше дело на Халанд. Ерлинг и Џејдон си поделија по два гола во натпреварот во кој си обезбедија титула, додека стрелец на почесниот гол за Лајпциг беше Дани Олмо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни