Поврзете се со нас

АТП

Не е само Надал: Уште две имиња од најдобрата десетка го откажаа настапот во Монте Карло

Објавено

на

Иако се предвидуваше Рафаел Надал нема да го гледаме на Мастерсот во Монте Карло, поточно љубителите на тенисот ќе мора да почекаат за кам-бекот на еден од најдобрите асови во историјата кој нема настап уште од Австралија Опен.

Шпанецот реши да не игра во Монако затоа што се уште не се чувствува најдобро и не може да го даде максимумот како што сака и очекува. Меѓутоа ветеранот нема да биде единствен што ќе отсуствува од турнирот во малоти кнежество затоа што има уште две нови откажувања и тоа од тенисери од Топ 10 на АТП листата.

Имено повреди повреди во „аут“ ќе бидат Карлос Алкарас (втор на светот) и Феликс Оже-Алијасим (седми на планетава). Двајцата имаат проблеми и не сакаат да ризикуваат истите да се влошат пред престојните турнири и секако вториот календарски грен слем Ролан Гарос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни