Поврзете се со нас

Италија

Најжестоките навивачи на Интер се огласија по лошиот старт: Инѕаги прави грешки, ама…

Објавено

на

Интер ги нема посакуваните резултати на почетокот на оваа сезона и по седум одиграни кола е на 7 место во Серија А со освоени 12 бода.

Екипата претрпе три порази од кои последниот беше вчера во Удине од Удинезе (3-1) на нашиот Илија Несторовски. Овие резултати донесоа незадоволство кај дел од навивачите кои бараат оставка, заминување на тренерот Симоне Инѕаги, па веќе низ медиумите се споменува Дејан Станковиќ како негова потенцијална замена.

Сега следи двенедела репрезентативна пауза и останува да видиме дали Интер ќе се реши на некој драстичен чекор, но во меѓувреме најжестоките навивачи на „нероаѕурите“, улстрасите од Курва Норд се огласија и порачаа дека не може целата вина да биде кај тренерот Инѕаги.

– Rеалноста кога и се пристапува од севкупна перспектива е многу посложена од избрзаното „Инѕаги-аут“. Клучни точки: Толеранцијата е завршена, тренерот сигурно греши, но… нема оправдување за играчите кои од памтивек се валкаат во овие ситуации ставајќи го своето его пред групата.

-И ова не е добро за нас. Кога ќе се вратиме од националните тимови, составот се менува…. Секој мора да се натера да се соочи со своите одговорности. Заедно се бориме, заедно излегуваме, -порачаа од Курва Норд.

Хандановиќ направи анализа и го посочи главниот проблеми на Интер во оваа сезона

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни