Поврзете се со нас

АТП

Надал игра повреден: Ме мачи стапалото, но…

Објавено

на

Рафаел Надал го пропушти Вимблдон и Олимписките Игри во Токио за да минатата седмица се врати на терените со настапот во АТП турнирот во Вашингтон каде не се прослави и заглави на вториот предизвик против Лојд Херис од Јужна Африка.

Сега пред шпанскиот ас е настапот во Тороно каде се надева дека ќе биде подобар иако посочува дека не е 100 проценти подготвен и има проблеми со стапалото.

-Среќен сум што повторно сум во Торонто, овде ми е убаво. Знам дека не сум во врвна форма, но тренирам и се надевам дека ќе играм подобро отколку во Вашингтон. Ме боли стапалото. Сепак одам ден по ден, чекор по чекор, но навистина ми се потребни неколку недели одмор за болката да исчезне.

-По Париз не го опоравив стапалото, не можев да тренирав затоа што многу ме болеше. Сигурно не бев на терен 20 дена и времето го минав со семејството. Не сум сигурен дали ќе играм на 40 години, но кога имав 25 години, не бев сигурен дали ќе играм на 30, ​​-рече Надал пред новинарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни