Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ одлично парираше три четвртини во Бар, но не избегна десетти пораз на гостувањата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ABA_League

По големата победа над Цедевита и значително подигнатата самодоверба, МЗТ Скопје денеска одигра одлични три четвртини во Бар и беше на добар пат да се бори за прва гостинска победа во АБА лигата, но на крајот такво нешто изостана поради падот во клучниот период.

Македонскиот првак беше рамноправен ривал, а на моменти и подобар од Морнар во трите периоди по кои резултатот беше 68:68, но кога најмногу требаше, МЗТ потфрли во одбрана и во напад и му дозволи на Морнар да направи пресудна предност за конечна победа.

Првата четвртина му припадна на Морнар со 27:26, во втората МЗТ беше за нијанса попрецизен и одговори со 20:19, а по 46:46, беше максимално израмнето и во третата четвртина која заврши со 22:22.

Како одлучувачки се покажаа првите минути во четвртата четвртина во која Морнар стигна до двоцифрена предност од 85:75, по што беше јасно дека МЗТ сепак ќе мора да се врати со нов пораз, десетти на гостувањата оваа сезона во АБА лигата.

На крајот резултатот гласеше 93:84 за домашниот тим, во кој најдобри беа Глас и Пецарски со 26 и 24 поени. Кај МЗТ најдобар беше Абу со 20 поени, следен од Кук и Кефи кои уфрлија по 17 и 13 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни