Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ направи пресврт и спречи второ големо изненадување во Купот

Објавено

на

МЗТ Скопје не дозволи второ изненадување на вториот натпревар во четвртфиналето на македонскиот кошаркарски Куп, откако во крајно возбудлив меч, на крајот оствари победа над Гостивар и се пласираше меѓу четирите најдобри.

Тимот од Аеродром одигра гранитно во одбрана кога беше најпотребно, односно му дозволи на противникот да постигне само пет поени во завршните осум минути, што резултираше со пресврт и победа од тесни 87:85.

Гостивар водеше со двоцифрена предност во третиот период и дефинитивно има за што да жали во ова четвртфинале, во кое на крајот победата му се лизна од раце, а не го реализираше и шутот за победа. Димитриевски имаше обид со звукот на сирената, но истиот беше непрецизен и тоа му донесе победа на фаворитот.

Мекиќ со 19 поени беше најефикасен во редовите на победничкио тим, еден помалку уфрли Рикиќ, додека 17 зад своето име запиша Крстевски.

Во првото четвртфинале денеска, ТФТ Скопје режираше големо изненадување и го шокираше Пелистер кој втора година по ред испаѓа во првата нокаут рунда во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни