Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Многу шанси и само еден гол: Борусија со предност ќе патува на реваншот во Париз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд ја одбрани својата тврдина и успеа да оствари посакувана победа во првото полуфинале против ПСЖ, а конечниот резултат на „Сигнал Идуна парк“ им дава мала предност на Германците во пресрет на реваншот во Париз.

Натпреваорт беше максимално динамичен и отворен на двете страни и се играше со отворен гард во текот на сите 90 минути, па вистинско чудо е што видовме само еден гол на толку многу стопроцентни шанси.

Борусија беше далеку подобра во првиот дел и заслужено стигна до предност во овој дел од мечот преку Филкруг, но во оваа фаза можеше да постигне и втор преку Забицер кој биеше директно во Донарума.

ПСЖ успеа да се консолидира во вториот дел и се наметна со агресивен пристап во половината на Борусија, па така домаќините најмногу се закануваа преку контри. Мбапе и Хакими ги погодија двете стативи во иста акција и ова беше најдобрата шанса во почетната фаза на вториот дел, додека во продолжение стопроцентна шанса не реализираше и Дембеле.

На спротивната страна, Филкруг промаши зицер и одлична шанса за 2:0, а Маркињос со спектакуларна реакција спречи чист гол на Брандт во 84-та минута, што беше последна стопроцентна прилика на овој возбудлив меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни