Поврзете се со нас

Англија

Леман посочи зошто Арсенал не освојува трофеи: Тоа е слaбост

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал вложува сериозни финансиски средба во екипата, но засега ги нема посакуваните резултати ако се земат предвид освоените титули.

Под водство на Микел Артета клубот од северен Лондон има само еден голем трофеј и тоа е оној во ФА Купот во 2020 година. Во меѓувреме екипата забележа два триумфи во Комјунити Шилд, ама тоа дефинитивно не се некои успеси кои се паметат, односно се бара далеку поголем резултат.

Јенс Леман беше дел од една успешна генерација на „топчиите“, па од свој агол се обиде да посочи што и недостасува на оваа екипа.

-Тие се многу различни од нас (Непобедливите) во нивниот пристап – многу повнимателни и побавни со топката. Физички, трчаат многу повеќе и имаат повеќе трчања со висок интензитет, но не играат побрзо од нас затоа што бевме тим со еден допир. Сите тие имаат по три, четири допири. И ако сте премногу претпазливи во фудбалот, не можете да освојувате трофеи. Најчесто, најхрабрите тимови ја освојуваат лигата. Би сакал да ја освојат титулата, но тоа ги чинеше во одредени натпревари. Поминаа 20 години откако ја освоивме лигата и се надевам дека Арсенал ќе победи, но тоа веќе не е во нивни раце и тоа е слабост, -истакна Германецот кој говореше и за разочарувањето во ЛШ.

-Бев многу разочаран од тоа како загубија од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Потоа, тие покажаа одлична реакција победувајќи ги Челси и Тотенхем. Ама за да бидеш голем клуб, треба да освојуваш трофеи. Тој заврши добра работа, но за жал, разговарате со момче кое го сака Арсенал, сака да победува, а не само да биде таму, -порача Леман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни