Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Не сум видел полош судија во кариерата

Објавено

на

Рома освои бод на гостувањето кај Монца, а тренерот Жозе Мурињо повторно имал забелешки на судењето.

„Волчицата“ брзо поведе преку Ел Шарави, но Монва возврати уште во првиот дел, по што и двете екипи мораа да се задоволат со бод од овој дуел во Серија А.

Мурињо зборувал за својата екипа, но и судијата Даниеле Кифи, за кого имал многу замерки.

– Ова беше најлошиот судија кој сум го видел во мојата кариера, а верувајте сум се соочил со многу лоши судии.

– Немаше директно влијание на резултатот, но тој се однесува катастрофално, нема никаква комуникација со никого на теренот, не поседува никаква емпатија и му дава црвен картон на фудбалер кој стартува погрешно поради исцрпеност во 96. минута, – изјавил Мурињо, алудирајќи на исклучувањето на Челик во самиот финиш на мечот.

– Затоа и престанав да работам дваесетина минути пред крајот, знаев дека ќе ми покаже црвен картон поради првиот коментар. Многу сакав да му кажам нешто, но не смеев да си дозволам исклучување кога имам толку малку фудбалери на располагање. Заминав порано и од теренот, затоа што не сакав ни да го погледнам, – додал лутиот Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни