Поврзете се со нас

Англија

Митровиќ збесна и го турна Кавана, судијата покажа три црвени картони за Фулам во една минута! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Фулам беше на добар пат да приреди сензација на „Олд Трафорд“ и да го елиминира Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ФА Купот, но сето тоа пропадна во вода во последните 15 минути од мечот кои беа навистина тензични и необични.

Александар Митровиќ постигна гол во првото полувреме и го донесе Фулам во водство, но гостите од Лондон останаа без свои три члена по контроверзната ситуација во 71-та минута.

Вилијан имаше едно играње со рака кое се проверуваше доста долго, по кое судијата Кавана реши дека има елементи за пенал, но и за директен црвен картон. Исклучување не доби само Бразилецот, бидејќи шокирани од одлуката беа и менаџерот Марко Силва и Митровиќ.

Предводникот на Фулам имаше нервозна реакција, но Митро-гол отиде чекор подалеку и го турна судијата Кавана, кој потоа без размислување му го покажа патот кон соблекувалната.

На 15 минути пред крајот, Фулам остана со девет играчи на теренот и без менаџерот на клупата, а Бруно Фернандеш веднаш израмни на 1:1 со ударот од белата точка. До крајот, Јунајтед режираше и целосен пресврт, и тоа со голот на Сабицер и вториот погодок на Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни