Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски и Порто немоќни против Веспрем

Објавено

на

Порто на македонскиот репрезентативец Никола Митревски доживеа убедлив пораз од Веспрем од 40:26 во средбата од 11. коло во Лигата на шампионите.

Гостите од Унгарија „летаа“ на теренот, беа ефикасни и го разбија најдобриот португалски тим на негов терен. Најавата за овој резултат дојде уште во првите 30 минути во кои Веспрем се стекна со предност од десет гола (21-11), предност која продолжи да расте и по паузата.

Митревски забележа осум одбрaни, Фернандез Алонсо со пет гола пак беше најдобар стрелец. Победничкиот тим го предводеше Фати Омар со шест реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни