Поврзете се со нас

Италија

Мистериозна смрт на човекот кој проневерил пари од фудбалски работници меѓу кои и Конте

Објавено

на

Италијанските медиуми пренесуваат дека под мистериозни околности починал брокерот, Масимо Бочичио кој е познат на италијанската јавност откако беше обвинет дека проневерил близу 300 милиони евра од фудбалски работници меѓу кои и Антонио Конте и Марчело Липи.

„Кориере дела Сера“ пренесе дека 56 годишникот починал вчера откако доживеал фатална сообраќајна несреќа со својот мотоцикл во близина на Рим.

Сега, се појавија сомнежи дали во несреќата бил извесниот Бочичио кој според првичните инвормации изгубил контрола над мотоциклот и се забил во ѕид, по што настанала експлозија.

Инспекторите кои работеле на случајот откриле дека постојат сомнежи дека телото можеби не е на Бочичио затоа што тој во моментот на несреќата наводно бил дома и се подготвувал за рочиштето кое се води против него.

Денеска било објавено дека нема специфични докази дека телото е на Бочичио и дека тој всушност можеби и не починал во сообраќајката. Според судиите кои се занимаваат со неговиот случај не е сигурно дека телото од сообраќјката е негово.

Токму затоа сега се подготвуваат ДНК анализи на изгореното тело кое е пронајдено при ударот на мотоцикл во ѕид во близина на Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни