Поврзете се со нас

Балкан

Местачки скандал во Црна Гора: Стопер намерно скокна и дозволи противникот да постигне гол (Видео)

Објавено

на

Црногорскиот фудбал и во минатото знае да донесе сомнителни резултати и да биде доведен во прашање професионалниот пристап, но она што вчера беше видено во телевизискиот пренос ја потресе цела спортска нација.

Црногорските медиуми бараат целосна истрага од Федерацијата, полицијата и обвинителството за натпреварот од Првата лига кој се одигра во Подгорица, каде вчера бил постигнат гол кој дефинитивно алудира на фудаблска местенка.

Првопласираниот Дечиќ победил на гостувањето кај Младост со резултат 0:3, но начинот на кој бил постигнат првиот гол отвори низа сомнежи и предизвика бурни реакции во Црна Гора.

Дефанзивеоцт Звонко Цеклиќ буквално потскокнал во моментите кога Бојан Матиќ испратил удар кон голот, а неговата намерна ескиважа и избегнувањето на блок јасно алудира дека има нешто неправилно.

За да биде уште посомнително, стоперот на Младост бил изваден на полувреме и не излего на теренот во вториот дел, но според најавите, тоа ќе биде најмалку лоша вест за него со оглед на тоа што му се заканува драконска казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни