Поврзете се со нас

Англија

Менди лут на медиумите кои објавиле погрешни фотографии: Јас не сум тој Менди

Објавено

на

Голманот на Челси, Едуард Менди јавно се пожали од медиумите кои користеле негови фотографии при објавувањето на вестите за обвиненијата за силување на Бенжаман Менди.

Одредени медиуми го помешале Французинот и со Ферлан Менди од Реал Мадрид.

Фудбалерот на Манчестер Сити долго време е во притвор поради неколку обвиненија за силување и сексуален напад, но голем број медиуми очигледно вметнувале погрешни фотографии кога ја проследувале информацијата до јавноста.

– Тажно е да се види дека во 2021 година, во Франција и Англија за некого црните луѓе немаат свој посебен идентитет и личен изглед.

– Грешките изгледаат како анегдота, но всушност се симболика за актуелната ситуација. Не е толку комплицирано да се разликуваат две различни личности, посебно кога и дресовите помагаат во тоа, – изјавил Менди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни