Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Хејтерите не го ставаат Ѓоковиќ во иста реченица со Надал и Федерер, но….

Објавено

на

Данил Медведев денеска загуби од Новак Ѓоковиќ во третото важно финале кое го одиграа оваа година, а во кое Србинот по вторпат оствари триумф над рускиот тенисер кој по се изгледа има изградено одличен однос со светскиот рекет број еден.

Медведев денеска поведе со 1:0 во сетови, но во продолжение Новак ги доби наредните два и славеше со пресврт за шеста победа во десеттата пресметка со Русинот, кој во своето обраќање по мечот одново ги истакна сите квалитети и рекорди кои ги оствари неговиот ривал.

Ѓоковиќ уште вчера стана првиот тенисер кој по седми пат ќе заврши една година како светски рекет број еден, а Медведев имаше порака до сите хејтери на Новак по поразот кој го претрпе во финалето.

– Понекогаш мислам дека Новак не го ставаат во ист контекст и во иста реченица со Надал и Федерер. Ако хејтерите не почнаа да забележуваат што направи Новак за тенисот, допрва ќе го прават тоа. Можеби тоа ќе биде случај десет години откако ќе замине во пензија. Новите играчи ќе читаат читанки на Википедија и ќе го видат името на Новак насекаде. Тоа беше случај со мене кога е во прашање Сампрас. Бев премал за да го гледам, но читав дека бил неверојатен, така ќе биде и со Новак.

– Што се однесува до мечот денеска, јасно е дека можев подобро, но Новак едноставно беше за нијанса побрз и подобар во вториот и третиот сет. Подобро се снајде во одлучувачките моменти. Знам дека Новак сакаше одмазда за Ју-Ес Опен, а сите знаеме како тоа влијае врз Новак. Сакам и јас да им се одмаздувам како него на моите ривали, – заврши Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни