Поврзете се со нас

Франција

Мбапе ги реши сите дилеми и посочи во кој клуб ќе игра во наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе ги реши сите дилеми околу неговата иднина или поточно посочи во кој клуб ќе настапува во натпреварувачката 2023/2024.

Мбапе направи потрес во Пари Сен Жермен со писмото во кое го информираше клубот дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот до 2025, дополнителната година. Ова секако донесе нервоза кај „светците“ кои според медиумите му поставиле ултиматум на играчот или да ја продолжи верноста или ќе биде продаден ова лето затоа што клубот не сака да го загуби без да бидат платено никакво обештетување.

Меѓутоа Килијан има друг план, тоа го посочи во неколку наврати, а сега уште еднаш го потврди со јасна порака за иднината.

-Ќе останам во ПСЖ и во наредната сезона, а потоа во јуни 2024 година ќе донесам одлука за мојата иднина. Многу работи можат да се случат во една година особено во клуб како ПСЖ, -посочи францускиот репрезентативец.

Најголем интерес за неговите услуги има од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни