Поврзете се со нас

Светски првенства

Мбапе бојкотира прес-конференции, Французите мора да плаќаат казни

Објавено

на

Килијан Мбапе во минатото имаше спор со Француската фудбалска федерација, затоа што бојкотираше дел од маркетинг активностите на националниот тим на „триколорите“, а решил да бојкотира и за време на СП во Катар.

Во случајов не се работи за проблем со својата федерација, туку со брендот „Бадвејзер“, кој е спонзор на признанието за играч на натпреварот.

Мбапе два пати го доби истото, но само се фотографираше со трофејот, а одби да се појави на задолжителниотт брифинг со новинарите.

Според медиумите, Французинот не сака да промовира алкохолен пијалок и затоа одбил да зборува пред камерите по дуелите со Данска и Австралија, а не планира да го промени планот и во иднина.

Поради ова, ФИФА веќе ја казнила француската федерација со 10.200 евра, а казната може да биде и поголема доколку Мбапе го продолжи бојкотот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни