Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маунт: И јас се изненадив со пеналот, Томори не заслужи исклучување (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Челси го победи Милан и во втората пресметка во Лигата на шампионите, но останува дилемата дали тоа ќе се случеше ако „росонерите“ не заработеа дискутабилен црвен картон во првото полувреме при резултат 0-0.

Во дуел беа Мејсон Маунт и Фикајо Томори при што имаше мало влечење од дефанзивецот на Милан, потег кој судијата Даниел Зиберт сметаше дека е доволен за пенал, а уште пострашно е тоа што беше доделен директен црвен картон.

Томори не можеше да поверува дека е исклучен и бесен го напушти „Сан Сиро“. Челси ова максимлано го искористи и со погодоците на Жоржињо и Обамејанг стигна до триумф од 2-0.

По мечот Жоржињо посочи дека арбитарот според него направил грешка со црвениот картон, став со кој се согласува и инволвираниот Маунт кој направи искрена анализа на ситуацијата:

Жоржињо за најспорниот момент во Милано: Имаше пенал, ама не беше за црвен картон (ВИДЕО)

-Тој е мој другар, сочувствував со него во таа ситуација. Не беше за црвен. Дали тоа беше пенал? Можеби да. Јас сум чесен играч и сакам да се обидам да постигнам гол и тој ме повлече малку назад, но јас сочувствувам со него за таа одлука. Беше тешко.

-Чувствував дека се обидува да ме повлече назад, но јас трчав кон голот, така што немаше да паднам и се чувствував како да имам уште можност да постигнам гол. Продолжив, не дадов гол, судијата свирна и досуди пенал. Веројатно бев малку изненаден во тоа време бидејќи поминав и имав шут.

-Беше тешко да се види како е исклучен. Сè уште сакате да играте 11 наспроти 11 и да одите на тоа со два добри тима, па можеби тоа малку ја уништи играта. Беше голема работа за нас, очигледно сакавме да го добиеме натпреварот што и го направивме, но сепак жал ми е за Фик, -истакна Маунт за клупскиот сајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни