Поврзете се со нас

Италија

Марота потврди дека Интер ќе продава играчи: Полесно е да замениш играч во дефанзивата

Објавено

на

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота потврди дека клубот ќе продава играчи во летниот преоден рок со цел да создаде финансиски баланс и да може да ги комплетира најавените засилувања.

Во јавноста се појавија информации дека „Џузепе Меаца“ може да го напуштат неколку играчи од дефанзивата и офанзивата, а најмногу се споменуваа имињата на Милан Шкриниар и Лаутаро Мартинез.

Во интервјуто за „Раи“, Марота потврди дека и покрај интересот од Тотенхе, тие нема да го продаваат Лаутаро Мартинез и дека ќе се насочат кон продажба на играчи од одбраната.

– Многу е полесно да промениш централен стопер, отколку напаѓач. Веројатно ќе бидеме принудени да продадеме некој од стоперите, -изјави Марота.

Шкринијар се поврзува со трансфер во ПСЖ, додека со заминување од клубот се поврзува и Алесндро Бастони за кого интерес има од Тотенхем предводен од Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни