Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити ќе плати 75 милиони фунти за играч на Барселона

Објавено

на

Манчестер Сити е подготвен да ја исплати бараната сума од Барселона за да го ангажира Френки де Јонг уште во зимскиот преоден рок.

Таблоидот „Сан“ тврди дека Пеп Гвардиола го пикирал холандскиот репрезентативец како идеално засилување за средниот ред на Сити, а Барселона е заинтересирана за трансферот поради празната клупска каса.

Сити ќе плати 75 милиони фунти за Де Јонг, сума која ќе донесе и заработка за Барселона во однос на сумата која му беше платена на Ајакс за овој фудбалер.

Досега се споменуваше и Рахим Стерлинг како фудбалер кој може да замине во спротивен правец и би ја намалил трансфер сумата, но на Барселона и се неопходни пари и таа комбинација е нереална.

Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни