Поврзете се со нас

Англија

Лукаку во контроверзното новогодишно интервју: Лаутаро не треба да доаѓа во Челси

Објавено

на

Ромелу Лукаку направи непотребни компликации во периодот кога неговиот клуб Челси е во резултатска криза, а истото му успеа со интервју за „Скај Спорт Италија“.

Белгиецот се најде во центарот на вниманието на медиумите поради едно од најневообичаените интервјуа последниве години, а со своите изјави успеа да го и изнервира менаџерот Томас Тухел.

Во еден дел од него, Лукаку зборува и за поранешниот соиграч Лаутаро Мартинез, кого не го советува да дојде во Челси.

– Ми недостасува Лаутаро, бев подготвен да умрам на теренот за него уште од првиот ден кога го сретнав.

– Лаутаро да ми се придружи овде во Челси?

– Не, нека остане во Милано, ќе се вратам таму, – одговорил Лукаку, чија насмевка нема да ги неутрализира контроверзите во најпопуларното новогодишно интервју досега.

Тухел му се налути на Лукаку за бомбастичното интервју: Ова не беше потребно, ќе зборувам лично со него

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни