Поврзете се со нас

Англија

Тухел му се налути на Лукаку за бомбастичното интервју: Ова не беше потребно, ќе зборувам лично со него

Објавено

на

Томас Тухел доживеа големо разочарување на последниот меч во 2021-ва година бидејќи Брајтон израмни на „Стемфорд Бриџ“ во последните моменти, но ова не беше последниот шок за германскиот стручњак во оваа календарска година која ги брои последните часови.

Во текот на вчерашниот ден, главна тема во англиската спортска јавност се претвори бомбастичното интервју на Ромелу Лукаку, кој нагласи дека не е задоволен од тактичките замисли на Тухел и ситуацијата во која се наоѓа во Челси. Белгиецот потенцираше дека не е задоволен од тоа како се развиваат работите и вети дека еден ден ќе се врати во Интер, но иако додаде дека нема брзо да се откаже и дека ќе продолжи напорно да работи во Челси, неговите коментари го разлутија актуелниот менаџер.

Лукаку со неочекуван коментар ја разбранува јавноста: Не сум среќен во Челси, не требаше да биде вака

Тухел го подготвува тимот за големото дерби со Ливерпул кое се игра на 2-ри јануари, а денеска на средбата со новинарите призна дека не е задоволен и дека ќе има интерен разговор зад затворени врати со напаѓачот.

– Да бидам искрен, воопшто не ми се допадна тоа што го прочитав. Ова ни носи врева која не ни е потребна. Лесно е да се извади од контекст некое интеврју, но дефинитивно не ми се допадна тоа што го прочитав, не ни е потребна дополнителна врева во овој момент.

– Ова не беше потребно и не ни помага во оваа тешка ситуација. Ќе зборувам отворено со Лукаку на оваа тема, ќе седнеме и ќе разговараме зад затворени врати. Изненаден сум од сето ова, бидејќи јас гледам дека е среќен, а не како што вели самиот тој. Има за што да зборуваме и ќе го направиме тоа зад затворени врати. Нема што повеќе да додадам на оваа тема, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни