Поврзете се со нас

Лига Европа

Лукаку доминира во Лига Европа, Ливерпул претрпе безболен пораз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома успеа во својата намера да слави на домашен терен и да освои три бода против Шериф, но сепак италијанскиот тим не се избори за првото место во својата група, што значи дека ќе игра бараж за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа.

Славија Прага славеше на домашен терен над Сервет со 4:0 и го завери првото место во оваа група, па така триумфот на избраниците на Жозе Мурињо не донесе некоја позначајна промена.

„Волчицата“ триумфираше со 3:0 благодарение на доброто отворање на мечот, а Ромелу Лукаку ја продолжи својата доминација во второто по ранг европско натперварување.

Белгиецот е несопирлив во Лига Европа и го постигна 20-от гол на последните 17 меча во ова натпреварување, а со овој денеска ја најави победата на Рома.

Покрај Ромелу, во листата на стрелците се запиша и Белоти, а во финишот од мечот конечните 3:0 ги постави Писилји.

На другите средби, Ливерпул претрпе безболен пораз од Сен Жилоаз на натпервар на кој Јирген Клоп играше со доста младинци (2:1), додека Баер Леверкузен остана перфектен и славеше над Молде со 5:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни