Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски го посочи најголемиот фаворит за пехарот во ЛШ: Погледнете како играат

Објавено

на

Овој месец се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите и тоа со битките од првата нокаут рунда или поточно осминафиналната фаза.

Се очекува да биде супер возбудливо, неизвесно, да има голема борба до самиот крај за трофејот за кого на хартија дефинитивно се издвојуваат неколку екипи. Роберт Левандовски се одлучи да проговори на оваа тема и го издвои тимот кој според него е пред сите.

За Полјакот тоа е Баерн Минхен или поточно клубот за кој веќе настапува со години.

-Ние сме главни фаворити за освојување на трофејот. Погледнете како играме и каков тим имаме. Јасно е дека сме меѓу најсилните тимови во Лигата на шампионите. Најважно е сите да сме здрави кога ќе се играат решавачките натпревари и да сме во најдобра форма во вистинско време, -изјави одличниот полски напаѓач.

Баварците се шесткратни европски шампион, во осминафиналето ќе се соочат со РБ Салцбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни