Поврзете се со нас

Франција

Леонардо без влакна на јазикот: Мбапе не е лидер, време е да си замине од ПСЖ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе стана проблем за Пари Сен Жермен, клуб кој низ годините направи се за да му излезе во пресрет на напаѓачот, но сега двете страни имаат различни ставови и се освен разделба во овој преоден рок ќе биде големо изненадувања.

Французинот не сака да потпише нов договор, ама во исто време сака да го испочитува постоечкиот кој му завршува во 2024 година. Од друга страна пак „светците“ не сакаат да го загубат без да добијат никакво трансфер обештетување и јасно му порачуваат дека ќе биде продаден летово ако понатаму стои на својот став.

Повеќе од јасно е дека постои одредена нервоза, тензија, меѓутоа мора да се најде решение кое според некогашниот оперативец на ПСЖ, Леонардо е едноставно-Мбапе да си замине во наредниот период.

-За доброто на ПСЖ, мислам дека дојде време Мбапе да си замине, без разлика на се. ПСЖ постоеше пред Мбапе и ќе постои и по него. Тој е во Париз шест години и во текот на тие шест сезони, пет различни клубови ја освоија Лигата на шампионите (Реал Мадрид во 2018 и 2022 година, Ливерпул во 2019 година, Баерн Минхен во 2020 година, Челси во 2021 година и Манчестер Сити во 2023 година), ниту еден од кои во своите редови го имаа Мбапе. Тоа значи дека е сосема можно без него да се победи ова натпреварување.

-Со своето однесување во последните две години, Мбапе покажува дека сè уште не е играч кој е способен да води тим. Тој е одличен играч, а не лидер. Тој е одличен стрелец, а не креативен. Тешко е да се изгради тим околу него, -порача Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни