Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер ги истрола инженерите на Ферари и им ги скамени срцата со пораката во последниот круг (Видео)

Објавено

на

Шарл Леклер одолеа на жестоките напади од Макс Ферстапен и сосема заслужено стигна до премиерна победа на стартот на новата сезона во Формула 1, кој дефинитивно ќе се памети по успехот на Ферари и по вистинската катастрофа на Ред Бул.

Леклер без проблеми пристигна прв до целта, а зад него на крајот се најде тимскиот колега Карлос Саинц кој профитираше од маките на Макс Ферстапен кој не ја заврши трката, исто како и Чеко Перез.

Двоецот Леклер-Саинц се погрижи за стартна еден-два победа на тимот од Маранело, но пред реализација на истата, Шарл Леклер имал време и за да ги истрола тимскиот шеф Биното и инженерите на Ферари.

– Се случува нешто чудно со моторот, – им порачал Леклер преку тимското радио, по што во продолжение само додал дека се шегува пред да мине како прв на стартот на целната рамнина.

Интересно, ова е пораката која Леклер му ја испрати на тимот во сезоната 2019-та, кога на трката во Бахреин остана без посакуваната победа и ја употреби токму денешната фраза „Се случува нешто чудно со моторот“.

– Направив мала шега преку радиото при последниот круг, им порачав дека се случува нешто чудно со моторот. Сигурно им дадов причина за срцев удар на инженерите, но се беше во ред, тоа беше шега. Многу сум среќен што отворивме со голема победа, – изјави Леклер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни