Поврзете се со нас

Светски првенства

Легенда на Реал: Шпанија загуби намерно од Јапонија

Објавено

на

foto: https://twitter.com/SEFutbol

Натпреварите од последното коло во групната фаза на СП во Катар донесоа драматични елиминации за дел од репрезентациите, а едно од големите изненадувања беше првото место на Јапонија и елиминацијата на Германија во истата група.

Јапонците ја победија Шпанија со пресврт во последното коло, со што си обезбедија дуел со Хрватска, додека Шпанците ќе се соочат со Мароко во осминафиналето и уште поважно, го избегнуваат Бразил во евентулната наредна фаза.

Според легендата на Реал Мадрид, Уго Санчез, Луис Енрике и неговите избраници тактизирале и дозволиле Јапонија да триумфира.

– Сигурен сум дека Шпанија загуби за да го избегне Бразил во евентуалното четвртфинале.

– Луис Енрике смислил добар план да го избегне фаворитот, тоа беше ризик, но очигледно вреден ризик. Шпанија не се плаши од Бразил, но го почитува, а не очекувам селекторот да го признае ова, никогаш нема да каже дека дозволил противникот да победи, – вели мексиканската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни