Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг брзо се помири со заминувањето на Нагелсман и го соопшти името на неговиот наследник (Фото)

Објавено

на

Ред Бул Лајпциг остави турбулентни денови зад себе кога се очекуваше да има мирен крај на сезоната како втор најдобар тим во Бундеслигата, но наместо тоа, овој клуб беше принуден да гледа како Баерн Минхен им го „краде“ и вториот важен член оваа натпреварувачка сезона.

Откако германскиот првак го договори Упамекано, сега седна на маса со Лајпциг и исплати 25 милиони евра за ангажман на Јулијан Нагелсман, со што го направи младиот стручњак најскап тренер во историјата на фудбалот.

Корпорацијата Ред Бул денеска излезе со соопштение, во кое беше потврдено дека Џеси Марш го наследува Нагелсман на клупата на германскиот бундеслигаш.

– Во Џеси Марш го пронајдовме нашето решение за најважната функција во тимот. Џеси е дел од групацијата Ред Бул веќе шест години и заврши неверојатна работа досега, постојано беше дел од напредокот и го познава клубот.

– Голема предност е што веќе има работено во Лајпциг, добро ги познава сите и фудбалската филозофија. Покрај тренерските квалитети, Џеси е познат и по тоа што е амбициозен и што многу лесно ги мотивира играчите. Се радуваме на соработката со него, – изјави главниот оперативец на Лајцпиг, Оливер Минцлаф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни