Поврзете се со нас

Италија

Лацио го договори напаѓачот кој му даде четири гола на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.flashscore.com

Италијанскиот прволигаш Лацио допрва ќе треба да притисне на трансфер пазарот и доведе соодветни засилувања, а најава дека клубот ќе биде активен е најавениот ангажман на аргентинскиот интернационалец, 24-годишниот Валентин Тати Кастелјанос.

Тој е играч на МЛС тимот, Њујорк Сити кој претходната сезона ја мина на позајмица во Џирона каде имаше квалитетни настапи и на 35 натпревари даде 13 погодоци. Долго ќе се памети неговата партија против Реал Мадрид во финишот на сезоната кога тој ги даде сите четири гола за домаќините во триумфот над шпанскиот великан.

Лацио за неговите услуги ќе плати 15 милиони евра, а договорени се и личните услови.

Сега треба само играчот да ги мине задолжилетните прегледи и потоа да стави потпис на договорот со клубот од Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни