Поврзете се со нас

Италија

Круниќ: Милан покажа дека може да игра без Леао

Објавено

на

Милан претрпе пораз од Наполи од 2-1 во Серија А, но „росонерите“ и во овој неуспех најдоа позитивна работа, а тоа е прикажаната игра на „Сан Сиро“.

Актуелниот првак создаде повеќе шанси за гол, испрати повеќе удари, повеќе ја имаше топката во своите нозе, па поради тоа „црвено-црните“ жалат што оваа битка не ја завршија со далеку подобар резултат.

-Не беше лесно против толку силен противник, ама исто така не можеме да бидеме среќни само со силен настап, немавме и среќа двапати ја погодивме стативата. Добро ја контролиравме топката и создававме можности, но можевме да направиме повеќе со тие шанси, -истакна Раде Круниќ кој смета дека Милан на овој меч покажал дека може да игра и без Рафаел Леао кој беше суспендиран.

-Навикнати сме да играме со Леао кој ги има овие многу специфични карактеристики, но сепак одигравме добро како тим и докажавме дека можеме без него. Мојата идеална улога е во средниот ред со тројца играчи, но тоа не постои во овој Милан. Очигледно тренерот не побара од нас да го правиме она што обично го прави Леао, бидејќи имаме различни квалитети.

-Наполи максимално ги искористи своите две шанси и немаше многу повеќе од тоа. Овој пораз боли, особено пред двонеделната пауза за репрезентативна должност, -рече Раде кој за крај даде краток коментар за трката за Скудетото.

-Тоа е тешка трка за Скудетото и сите тимови се засилија, но ние ќе се обидеме да бидеме таму горе борејќи се до крај, -заклучи играчот за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни