Поврзете се со нас

Италија

Клосе: Не можам да го разберам Милинковиќ-Савиќ

Објавено

на

Мирослав Клосе ги коментирал случувањата на фудбалското меркато и очекувано се фокусирал на темата „Саудиска Арабија“ и последната продажба на неговиот поранешен клуб Лацио.

Римскиот клуб ја прифати понудата на Ал Хилал за својата најголема ѕвезда, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а Клосе вели дека не може да го сфати потегот на српскиот фудбалер.

– Верувам дека трансфер во Саудиска Арабија има логика само ако си пред крајот на кариерата, како Роналдо или Бензема.

– Но, тоа не важи во случајот со Милинковиќ-Савиќ, мислам дека го промаши тајмингот, требаше да потпише за клуб од Англија или Шпанија. Не го разбирам потегот, но тоа е негова одлука и мора да ја почитуваме, – вели поранешниот германски напаѓач.

Лацио ќе заработи 40 милиони евра од трансферот, додека за српскиот плејмејкер се гарантирани по 20 милиони евра од сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни