Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клатенбург ја шокираше јавноста: Досудив пенал за Торес во финалето против Реал како компензација! (Видео)

Објавено

на

Марк Клатенбург пред пет години беше убедливо најдобар судија во Премиер лигата и воопшто во светот, а негов хајлајт дефинитивно беше 2016-та година кога во период од 40-тина дена, ја делеше правдата на најголемите финалиња во Европа.

Англискиот арбитар беше судија на најважните натпревари во Лигата на шампионите и Европското првенство, но кога е во прашање она првото во најелитното клупско натпреварување, Клатенбург сега одново се исповеда и воедно ја шокираше јавноста со својата искреност.

Арбитарот веќе во неколку наврати самиот призна дека голот на Серхио Рамос во финалето меѓу Реал и Атлетико бил постигнат од офсајд, но сега призна дека всушност и компензирал на стартот на вториот дел кога досуди пенал за „душекџиите“ по дуелот меѓу Пепе и Фернандо Торес.

– Во таа ситуација, Торес беше поблиску до топката од Пепе и имаше мал прекршок. Го досудив тој пенал како компензација, да ја вратам рамнотежата во мечот. Реал Мадрид ја доби својата шанса со тој гол од офсајд, а сега беше ред на Атлетико.

– После тоа, Гризман шутна и не погоди, а јас си го помислив следното: Уау, ова е перфектен ден за еден судија. Атлетико ја имаше шансата за израмнување по голот од офсајд и не ја искористија. До ден денеска ќе ме обвинуваа мене, но сега не можат бидејќи Гризман имаше своја шанса со пеналот, – потенцира Клатенбург во последното обраќање.

Инаку, во споменатото финале, Атлетико успеа да израмни подоцна во вториот дел со голот на Караско, но потоа загуби во пенал рулетот од градскиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни