Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кизиќ: Моралот на екипата сега е на повисоко ниво, сакаме победа и над Порто

Објавено

на

Вардар минатата седмица го забележа првиот сезонски триумф во Лигата на шампионите и тоа во пресметката против Флензбург во СЦ „Јане Сандански“.

Сега „црвено-црните“ имаат нова задача во својот дом во Аеродром и тоа против најдобриот португалски тим Порто. Клубот од Лисабон во досегашниот тек има два победи и два порази, игра „топло-ладно“, односно ако продолжи во тој ритам треба да загуби во Скопје.

Вардарци се подготвени за битката со Порто, мотивирани по славјето над Флензбург и сега тоа треба да го потврдат на утрешната средба која започнува во 20:45 часот.

-По мечот со Флензбург е кренат моралот на екипата, сега бараме два бода од дуелот со Порто кој ќе биде тежок. Минатата сезона дуелот со Порто на гости беше навистина тежок. Сега имаме друг изглед на екипата. Имаме шанси, треба да покажеме борба, посветеност, да бидиме мотивирани. Дефинитивно имаме големи шанси за победа, ама нема да биде лесно.

-Тие се засилија, имаат квалитетен состав, нема да се предадат, но победата над Флензбург ни е предност, мотив за овој натпревар, -истакна Кизиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни