Поврзете се со нас

АТП

Кирјос нема дилеми кој е најголем тенисер на сите времиња

Објавено

на

Дебатата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња трае и ќе трае затоа што тоа е прашање кое секогаш е интересно, возбудливо да се коментира, анализира, да се споделат мислења, спротиставени ставово особено од луѓе кои биле дел од овој спорт, оставиле трага и печат во истиот.

Секако секој има свој став, а истиот го споделуваат и актуелните асови како што е Ник Кирјос за кого пак нема дилема за тоа кој е број еден, најголем во историјата.

-Мислам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Има 24 грен слемови и мислам дека ќе освои  уште неколку, навистина е лудо. Мислам дека не го ценат колку што треба. Тој е присутен скоро 20 години, ми се допаѓа таа долговечност, -порача Кирјос кој е еден од ретките играчи кој има позитивен учинок во дуелите со Србинот (води со 2-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни