Поврзете се со нас

Англија

Карагер е незадоволен од Клоп и Ливерпул: Ова не е доволно, мора да бидат како Челси

Објавено

на

Џејми Карагер е играчка легенда на Ливерпул, тим за кој играше 17 години, период во кој настапи над 500 натпревари и беше дел од составите кои куп трофеи во Англија, но трофеи во Европа како Лигата ша шампионите Купот на УЕФА.

Сега Карагер е стручен аналитичар и доста е активен, често е во фокусот на јавноста и неговите мислења, ставови се многу споделувани.

Секако како поранешен играч на Ливерпул сака неговиот екс клуб да бележи успеси, да биде при врвот, па така смета дека овој тим предводен од Јирген Клоп нема доволно титули и покрај добрите партии.

-Неговиот тим нема доволно освоени титули. Надвор од контекст, тоа звучи крајно нефер. Подобар начин да се каже е тоа што тие не освоија толку многу колку што заслужија со нивните настапи. Едноставно кажано, Ливерпул треба да стане повеќе како Челси.

-Она што толку добро го направија за време на ерата на Роман Абрамович е што станаа сериски собирачи на трофеи. Тоа е област во која Ливерпул може и мора да се подобри.-вели Џејми во колумната за „Телеграф“.

Инаку „црвените“ под водство на Клоп имаат пехар во Премиер лигата и Лигата на шампините, а тука се трофеите од УЕФА Супер Купот и светското клупско првенство во организација на ФИФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни