Поврзете се со нас

Германија

Кан: Целиот „пакет“ Халанд чини премногу, таа сума е незамислива за Баерн во овој момент!

Објавено

на

Оливер Кан е важен дел од бордот на директори на Баерн Минхен и се подготвува да стане главен оперативец на баварците како наследник на Карл Хајнц Румениге кој планира да се повлече од извршната функција на крајот на оваа година, а како таков, легендарниот голман испрати една јасна порака во јавноста поврзана за шпекулациите кои кружат во последно време.

Ерлинг Халанд се очекува да биде мета на големите клубови ова лето и самиот Мино Раиола го спомена Баерн како еден од најсериозните кандидати покрај премиерлигашите, сценарио кое сепак не го потврди Оливер Кан кој вели дека Баерн во овој момент не може да ја замисли сумата која се бара за суперталентираниот Норвежанец.

Целта на Борусија е да го задржи Халанд доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, но повеќе од јасно е дека „милионерите“ ќе треба да одолеат на прималиви понуди и наддавања, од кое Баерн по се изгледа нема да биде дел.

– Навистина жалам за поврзувањата кои ги има Халанд со нас. Кој зборува такво нешто, нависитна не сфатил како стои ситуацијата.

– Целиот пакет околу Халанд чини многу пари, како што разбравме, станува збор за сума која надминува 100 милиони евра. За Баерн Минхен, во овој момент тоа е незамислива сума, – потенцира Кан за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни