Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ: Не слушам луѓе кои никогаш не шутнале топка во животот (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ е еден од најдобрите играчи во НБА лигата, човек кој беше најзаслужен што Денвер Нагетс стигна до пехарот во минатата сезона.

Србинот е една специфична личност која секогаш се истакнува, говори на теренот, поточно надвор од него едноставно си влегува во свој филм, се исклучува и го прави тоа што сака. Пред нас е новата кампања во НБА лигата, а пред истата актуелна, активна е една изјава на Јокиќ во која тој јасно ги поздравува дел од критичарите, јавноста.

-Не слушам луѓе кои никогаш не шутнале топка или имаат постигнувале просечно помалку од пет поени во животот. Никогаш не стапнале на паркетот, никогаш не ја почувстувале публиката, никогаш немале притисок, -вели Јокиќ во неговиот дел.

Јокиќ има две МВП признанија за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а беше прогласен и за најдобар играч во финалето во 2023 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни