Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски најдобар асистент, Вашингтон Стејт ја шокираше Аризона (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски е во извонредна форма и уште една потврда за тоа е големата победа која „кугарс“ ја остварија над фаворизираната Аризона во 77:74 во НЦАА лигата.

Иако двете екипи имаат скоро идентичен учинок во сезоната, Аризона која играше пред своите гледачи важеше за апсолутен фаворит, но Андреј и компанија како и на првото соочување годинава успеаа да го нокаутираат, надиграат противникот на теренот.

Ова за универзитетот Вашингтон Стејт беше осми триумф во низа или единаесетти во последните дванаесет натпревари, а во истиот најмногу се истакна Велс со 27 поени.

Андреј пак заврши со 6 поени, 5 скока, но беше и најдобар разигрувач во својата екипа со вкупно 4 асистенции од кои една беше клучна кога се кршеше резултатот во завршницата.

Наредниот меч за Македонецот и другарите е против Аризона Стејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни