Поврзете се со нас

Европски првенства

Италија ќе добие големо засилување за дуелот против Швајцарија

Објавено

на

Селекцијата на Италија имаше перфектен старт на Европското првенство и тоа против Турција која ја реши на „Олимпико“ со 3-0.

Ова дефинитивно ќе им даде самодоверба пред останатите предизвици на шампионатот од кои прв е оној против Швајцарија во среда од 21 часот, дуел кој дефинитивно е дерби во групата А. За тој натпревар „нероаѕурите“ по се изгледа ќе добијат големо засилување и тоа во името на Марко Верати.

Фудбалерот на ПСЖ се повреди во завршницата на клупската сезона, ама без разлика на тоа селекторот Роберто Манчни одлучи да го смести во групата на повикани играчи за овој шампионат. Тој го скокна мечот со Турција, но полека закренува и за тоа говори фактот дека беше активен 20 минути на пријателсната средба против Примавера тимот на Пескара.

„Газета Дело Спорт“ пренесува оти креативецот може да му биде достапен на Манчини за Швајцарија со тоа што не би бил стартер, односно би чекал шанса од клупата за резерви.

Се очекува средината да ја заземат Барела, Локатели и Жоржињо, додека пак Ди Лоренцо да го замени повредениот Флоренци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни